Sigma-SB Client Portal

Нашиот начин за комуникација со нашите клиенти!

Feedback
Client Portal Login

Протокол за комуникација и телефонски повици

Барање за техничка поддршка се прави со праќање е-маил на адреса baranje@sigmasb.com.mk, при што Корисникот треба колку е можно подобро да ја дефинира потребата и да достави име и телефон за контакт

После пријавеното барање од тикетинг системот се добива повратен е-маил со евиденциски број под кој е евидентирано барањето, Овој број треба да се користи во понатамошната коуникација.

За блокирачки проблеми корисникот мора и телефонски да го пријави проблемот на телефонскиот број:

    • +389 76 443 384 во работно време или
    • +389 78 478 645 само за блокирачки проблеми. Овој број се користи и вон работно време само доколку тоа е предвидено со договорот.

Во случај кога Корисникот нема услови да испрати е-маил, барање за интервенција за итни и нормални потреби може да достави и телефонски, но само во работно време, при што извршителот ќе го евидентира барањето во системот во име на Корисникот. Процедурата понатаму е иста како и при доставуавање на барања по е-маил.

Директен повик до останатите вработени во Сигма-СБ за техничка помош се прави само кога има започната активност на темата за која се разговара. Во случај кога вработениот на кој се обраќате не е во состојба да одговори, повикот може да биде исклучен од страна на вработениот проследен со повратна SMS порака, со што се дава на знаење дека тој што е баран е зафатен со некаква активност која не треба да ја прекине.

Доколку не успеете да ја релизирате вашата потреба или не сте задоволни од начинот на комуникацијата, јавете се на директорот на Сигма-СБ на 075-234-742 и пријавете го проблемот.

последна промена 23.08.2022

Овозможено од:

Sigma-SB

Московска 6А, 1000 Скопје, Македонија | info@sigmasb.com.mk | тел: +389 78 478 645

Сигма-СБ е специјализирана компанија за имплементација на IT решенија за компаниски менаџмент. Ние ги оптимизираме
финансиското работење, набавките, производството, логистиката, продажбата и други процеси во компаниите за да ги
зголемиме нивните приходи и маржи, да го намалиме времето за реализација, трошоците и губитоците и да ја подобриме
достапноста на нивните производи и услуги. Основана во 1995 год, Сигма-СБ зад себе има докажана реализација на успешни
проекти за познати регионални и македонски компании. За повеќе информации околу можностите кои ги даваат решенијата
од Сигма-СБ и како да ги ставите во фукција кај Вас, Ве молиме да нé контактирате веднаш.